Архитектурата во нашата Стара Чаршија

 

Нашата Стара Чаршија претставува една од најубавите наши архитектури кои му даваат карактеристичен белег на градот Скопје и која останува засекогаш да живее во срцето на нашиот град. Оваа архитектура останува да сведочи за еден од најубавите објекти кои Скопје некогаш ги имало. Со сите свои единствени цркви, кафулиња, ресторани и џамии, секогаш ќе не потсетува дека во нашиот град имаме објект на кој сите му се восхитуваат.

Таа постои повеќе од илјада години и претставува сплет на архитектонски објекти на кои денес сите можат да им позавидат.
Старата Чаршија секако е едно од најмаркантните обележја на градот Скопје и еден од најстарите културно - историски споменици на нашата земја.
Чаршијата се развила во центарот на градот каде што се соединуваат патиштата од сите страни. За чаршијата биле важни и придружните објекти како што се Безистенот, џамиите, ановите, караван сараите, амамите, медресите и други објекти кои имале религиозен или општ карактер.

Таа се формирала од дуќаните со лесна конструкција и била изградена околу цврсто изградениот Безистен. Во периодот помеѓу двете светски војни, таа била трговско занаетчиски дел на градот. Таа го опфаќала стопанскиот дел на дуќани и други јавни објекти како што биле ановите и караван сараите како патнички свратилишта. Главните објекти на чаршијата, дуќаните биле поставени од страните на улиците каде што многу од нив и денес сеуште опстојуваат. Тие биле мали дуќани со едноставни конструкции. Карактеристиката на сите тие дуќани била таа што тие се граделе залепени едни до други, што претставува едно од најинтересните обележја на самите дуќани и денес.

До израз доаѓа примената на современ градежен материјал каде преовладува бетонот, тулата, стаклото и алуминиумот. Во програмата за ревитализација на Старата Чаршија, при нејзината обнова се внимава да се задржи нејзиниот автентичен изглед и архитектура, кои е едно од најзначајните обележја на старо Скопје. На просторот на Старата Скопска чаршија ќе бидат изградени повеќе од илјада современи дуќани, занаетчиски работилници и угостителски објекти со што старите и автентични дуќани ќе станат навистина голема туристичка атракција. Во стилот на Старата Чаршија, ќе бидат изградени занаетчиско трговски објекти под заеднички покрив во духот на старата македонска градска архитектура. Најголем дел од тие дуќани ќе бидат изградени на улицата „Казанџиска“ од каде ќе продолжат да се градат на улицата „Битпазарска“. Исто така, до улицата „Казанџиска“, ќе биде изграден еден вид на современ угостителски дуќан – национален ресторан во стилот на старата македонска архитектура.
 
Во чаршијата настана и трансформација во функционалната структура што доведе и до промени во понудата на стоки и услуги при што исчезнаа голем број на стари и атрактивни занаети и на повлекување на занаетчиството во целина пред трговијата и угостителството.