Сули ан


Сули ан е ан (конак) изграден е во првата половина на XV век. Негов ктитор бил Исхак-бег, војвода и командант на Скопското краиште.
 
Историја
Сули ан бил градски ан кој служел за сместување и престој на патниците и трговците со нивните карвани. Името „Сули“ (турски. sulu - воден) го добил по реката Серава која течела покрај неговата источна страна. Вкупната површина на анот изнесува 2.101 м². Главниот влез се наоѓал на неговата западна страна, отворен кон средиштето на чаршијата. Низ влезот на источната страна се излегувало на реката Серава. Од дворот се влегувало во просториите на приземјето и катот, чиј број изнесувал 57. Шталата се наоѓала на северната страна од анот. Од крајот на XIX и почетокот на XX век служел како магацин и живеалиште.


 

Анот денес
Сули ан целосно е обновен во 1972 година, по оштетувањата од земјотресот во 1963 година. Денес е Факултет за ликовни уметности и Музеј на старата скопска чаршија.