Скопско кале

Скопската тврдина Кале е сместена на високот рид наречен Градиште, над градот Скопје со поглед на реката Вардар и била од стратешко значење за овој значаен град со векови.

 
Историја
Како највисока точка во градот, калето одсекогаш било ценето од локалното население. Населби на тоа место постоеле и пред да се изградат ѕидови. Најраните познати жители на местото живееле во Неолитот и раното Бронзено доба, 4,000 години п.н.е. Тврдината што ја гледаме денес е изградена најпрвин во Византиско време (6-ти век), со камени ѕидови со должина од 121 метар. Според археолозите, камените блокови од кои е изградена тврдината биле земени од изрушениот град Скупи подолу.

 


Конзервација и реставравија

Заради стратешката локација на местото, тврдината била градена, рушена и преградувана многу пати од страна на разни освојувачи. По скопскиот земјотрес во 1963 кружните и квадратните кули на тврдината биле конзервирани и реставрирани.

 


Тврдината денес

 
Кале е едно од најпопуларните места за посета во Скопје. Тврдината нуди фантастичен поглед на градот како и можност да се дојде до Старата Скопска чаршија од градот за неколку минути. Во лето тука се одржуваат концерти и театарски претстави.

Археолошки ископувања

 

Археолошките ископувања на Скопското кале започнаа на 14 Мај 2007 година. Поради големиот обем на истражувања (околу 300 ангажирани луѓе), силно експонираната позиција на локалитетот во самиот центар на Скопје и заинтересираноста на медиумите, ова ископување е пропратено со сопствена веб страница која е прва од таков вид во Македонија.