Капан ан

Капан ан е конак во старата скопска чаршија во Скопје, изграден во средината на XV век. Негов ктитор бил Иса-бег, војвода и командант на Скопското краиште. Како ан функционирал сè до Втората Светска војна.

 

 


 

Уредување

Капан ан е тип на градски ан. Името го добил спред големиот јавен кантар (арапски: kabban) кој бил сместен во анот или пред неговите порти и на кој била мерена увезената стока.
Неговата површина изнесува 1,086 м². Анот има два влеза, приземје и кат. Има вкупно 44 простории кои служеле за сместување на патниците и трговците со нивните карвани. Шталата за добитокот се наоѓала на источната страна на анот. Делот од чаршијата околу анот била наречена Капан чаршија, а чешмата пред неговиот влез Капан чешма.
По земјотресот од 1963 година, целосно е обновен во периодот од 1971 до 1973 година. Денес во него се сместени занаетчии, трговци и угостители.