Куршумли ан

Сигурни податоци за подигањето на анот не постојат, но се мисли дека на основите на некоја стара згарада Турците го доѕидале и го приспособиле за карван-сарај, по угледот на некои такви анови градени на исток. Во изворите се споменува како здружбина на Мула Муследин-хоџа, син на Абдул Гани во 1550 кој бил научник на султанот Селим II.

 

Локација

Куршумли ан се наоѓа на левиот брег на реката Вардар во некогашна железарска чаршија во Скопје.


Први податоци
Сигурни податоци за подигањето на анот не постојат, но се мисли дека на основите на некоја стара згарада Турците го доѕидале и го приспособиле за карван-сарај, по угледот на некои такви анови градени на исток. Во изворите се споменува како здружбина на Мула Муследин-хоџа, син на Абдул Гани во 1550 кој бил научник на султанот Селим II.


 

Функции на локацијата
Куршумли ан од своето постоење ја менувал својата функција, отпрвин бил ан се до 1787 год. кога бил претворен во затвор. Во него биле затворени многу македонски револуционери особено по "Виничката афера".Од 1904 год. до 1914 год. служел повторно како ан. По својот надворешен и внатрешен изглед не се оделува од останатите типизирани карван-сараи кои постоеле во градските центри.


 

Уредување на анот
Куршумли ан делува импозантно со декоративно градените ѕидови и малите куполи во форма на пирамиди со благо издадени страни кои секогаш биле покриени со олово (Куршум) по што го добил и своето име. Главниот велз се наоѓа на јужната страна. Над влезната врата е изграден трем со куполест покрив. Многубројните квадратни столбови, поврзани со лакови на приземјето и катот создаваат интимен амбиент со дворот и шарванот во него. Приземните простории служеле како магацин на стоки а катовите како соби за одмор. Во вториот дел на анот биле изградени простории за сместување на добитокот. Овој дел имал посебен влез од источната страна. Во најново време неговите простории се користат како лапидариум на Музејот на Македонија.