Камен мост

Несомнено, еден од најзначајните споменици на културата во Македонија е Камениот мост во Скопје. Се наоѓа во строгиот центар на градот, со векови поврзувајќи ги двата брега на Вардар и претставува почеток на Старата скопска чаршија. Според едни тврдења тој бил изграден за време на ромејското владеење кон средината на шестиот век, непосредно по катастрофалниот земјотрес во 518 година, кога бил разурнат античкиот град Скупи. Според друго мислење, мостот е изграден за време на владеењето на османлиските Турци во втората половина на 15 век, под покровителство на султан Мехмед Втори освојувачот околу 1451 и 1469 година. Мостот е раден од травертински блокови, врзани со железни кламфи, зацврстени со леано олово и кршен камен и малтер. Некои од столбовите, во внатрешноста имаат поголеми простории.  Најголеми оштетувања мостот претрпел за време на земјотресот во 1555 година, во 1909 - та е проширен, а во 1992 - ра е реконструиран.