Даут-пашин амам

Еден од најмонументалните споменици на исламската профана архитектураи еден од најуспешните јавни градби во раноцариградскиот стил е Даут-пашиниот амам, што се наоѓа на влезот на денешната Стара скопска чаршија, непосредно до Камениот мост. Изграден е во втората половина на 15 век (1489 - 1497), како задужбина на тогашниот везир на Румелија, Даут паша, кој бил на служба во Скопје, во тој период. Амамот има 13 куполи со различна големина и е подделен на два идентични дела - машки и женски.Според досегашните сознанија, амамот никогаш не бил пуштен во употреба. За тоа говорат и двете легенди. Според едната, за затоплување на амамот биле потребни огромни количества дрва, но со оглед на тоа дека шумата на Водно била речиси уништена, немало доволно огревно дрво. Другата легенда говори дека ќерката на везирот Даут паша, пред пуштањето во употреба, го посетила амамот, а од ѕидовите излегла голема змија отровница и ја каснала. Таа починала, а Пашата наредил амамот да се затвори и никогаш да не биде користен.